Парламентарни избори во Израел, четврти за помалку од две години

Од:

Во Израел утрово во 7 часот по локално време се отворени избирачките места за Израелците да гласаат на парламентарните избори по четврти пат за помалку од две години.

Според анкетите на јавното мислење, најсилна е конзервативната партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, но тоа не значи дека тој и неговите сојузници ќе имаат мнозинство во парламентот, Кнесетот со 120 места.

Како што пренесуваат странските агенции, блокот против Нетанјаху, кој се состои од левичарски, десничарски и центристички партии, се чини дека е уште помалку веројатно да формира владејачка коалиција.

Право на глас имаат 6.578.084 Израелци, а можат да гласаат на 13.685 избирачки места во Израел и уште 103 во израелски дипломатски мисии во странство, пренесуваат израелските медиуми.

Се очекува до утре изутрина да бидат преброени 60 до 70 проценти од гласовите.

Кнесетот беше распуштен во декември 2020 година и го отвори патот за нови избори во обид да се надмине политичкиот ќор-сокак.

Во Израел се гласа за политички партии и досега ниту една не освоила мнозинство од 61 пратеничко место.

Нетанјаху, кој е на чело на израелската Влада во последните 12 години, се надева дека гласачите ќе го наградат за успешната кампања за вакцинацијата против Ковид-19 и нормализирање на односите со четири арапски земји, со посредство на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, и дека тој ќе стане премиер по шести пат.

Според странските агенции, неговите ривали, сепак, укажуваат на претходните грешки во борбата против пандемијата, во која починаа повеќе од 6.000 Израелци, фактот дека тој се потпира на верски и ултранационалистички сојузници, а пред се дека му се суди за корупција.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски