Бенитез сака да се врати во Премиер лигата

Од:

Тренерот Рафаел Бенитез изрази желба да се врати во англискиот фудбалски шампионат.

– Англија е мојот приоритет. Ми се допаѓа Премиер лигата, моето семејство живее во Англија. Во исто време, сакам да се борам за нешто сериозно, да преземам проект што може да го дозволи тоа. Сакам да работам во Европа и да работам во Англија. Сега сум во потрага по вистинската опција. Ми треба конкурентен тим. Сакам да почекам еден или два месеца и да направам вистински избор, го цитира „Дејли мејл“ Бенитез.

Во Англија Бенитез соработуваше со Ливерпул, Челзи и Њукасл.

Последното работно место на 60-годишниот Шпанец беше кинескиот Далијан Јифан.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска