Започна седницата за Косово во СБ на ОН

Од:

Во Њујорк денес, нешто по 16 часот започна седницата на Советот за безбедност, при Обединетите нации посветена на Косово, на која ставовите на Србија ќе ги застапува премиерот Ивица Дачиќ.

На седницата ќе биде претставен извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун за состојбата на Косово.

Бан во извештајот го поздрави постигнувањето договор помеѓу Белград и Приштина и оцени дека се работи за историско достигнување, оценувајќи дека со него се дадени значителни овластувања на заедницата на српските општини.

Тој ги повика двете страни да отворат канали за комуникација и да направат напори договорот да се спроведе.

Бан ја поздрави и улогата во дијалогот која што ја имаше Европската унија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина