Членовите на „Ретвитни оброк“ готвеа со претседателското семејство

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со сопругата Елизабета и синот Огнен, денеска во Кабинетот на претседателот, подготвуваа храна за бездомни и социјално загрозени лица, како поддршка на долгогодишната активност на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“.

Пендаровски, како што соопштија од Кабинетот, ја поздрави благородната мисија на „Ретвитни оброк“ во обезбедување храна за граѓани во социјален ризик, притоа охрабрувајќи ги сите институции, компании, организации и поединци, согласно своите можности и ресурси, а во духот на нашето солидарно општество, активно да се вклучат во споделувањето грижа со оние на кои тоа им е најпотребно.

Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска, која и претходно беше дел од оваа хумана активност, ја нагласи својата лична заложба за промовирање солидарност и пружање помош на најранливите категории граѓани и истакна дека тоа е особено неопходно во овој период на низа социо-економски предизвици наметнати од Ковид-19. Во тој контекст, Ѓоргиевска рече дека сечиј, дури и најмал придонес, е крупен чекор во заедничката борба против егзистенцијалната неизвесност со којашто се соочуваат наши сограѓани.

Граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк“ заедно со здружението „Вистински дела на љубезност“ веќе шест години помагаат на социјално загрозени лица. Двете организации, како и Црвен крст на Република Северна Македонија, Здружението за хумано-општествен развој – Проект „Среќа“, и „Храна за сите – Банка за храна“ се партнери во хуманитарните акции иницирани од Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на проектот „Волонтираме за солидарно општество“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски