Вакцините што администрацијата на претседателот Џо Бајден ги испраќа во Мексико се дел од договорот со јужниот сосед за спречување на нелегалната имиграција во САД.
Како што јави синоќа Вашингтон пост, одлуката на САД да испратат дел од своите државни резерви вакцини на Мексико, како и на Канада, треба да биде објавена денеска.
Сепак, договорот меѓу Мексико и САД е „квид про кво“, или услуга за услуга. Односно испораката на вакцините е условена со засилување на мерките од страна на мексиканските власти против имигрантите од Јужна Америка кои деновиве во зголем бран пристигаат на границата меѓу двете земји.
Голем дел од овие имигранти се деца и тинејџери, за што Мексико вети да врати назад цели семејства, „прогонети“ од прифатните центри врз нова на вонредното здравствено правило, јави весникот.
Џен Псаки, портпарол во Белета куќа, синоќа изјави дека од седум милиони „достапни“ дози на вакцина од државните резерви, 2.5 милиони ќе бидат испорачани на Мексико, а 1.5 милиони ќе бидат дадени на Канада. Исплатата на преостанати „кредити“ може да бидат со „идни дози на „АстраЗенека“ или други дози“, истакна Псаки.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и канадскиот премиер Џастин Трудо, претходно за време на разговорите со Бајден, го замолиле американскиот претседател да им помогне да го надоместат недостатокот од вакцини во нивните земји.