Договорен откупот на вишокот тутун, Тутунски комбинат Прилеп да преземе 700 тони

Од:

Владата синоќа на седница ја разгледа и усвои информацијата за состојбите за откуп на тутун од реколта 2020 година и донесе заклучок да му се укаже на Тутунскиот комбинат Прилеп да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони тутун од вишокот од последната реколта.

Во соопштнието од владината прес служба се наведува дека како доминантен сопственик на Тутунски комбинат Прилеп, Владата на Северна Македонија преку својот претставник во ова акционерско друштво ќе иницира постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционери на Тутунски Комбинат Прилеп.

Владата ги задолжи заменик-претседателот на Владата за економски прашања, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот за финансии во рок од 15 дена од Ковид програмата да обезбедат привремена финансиска поддршка за откуп на тутун со рок на враќање 10 декември 2021 година.

На седницата Владата ја усвои и информацијата дека неколку откупни претпријатија изразија подготвеност да откупат уште околу 600 тони од вишокот тутун од реколтата 2020, како и информацијата дека Тутунскиот комбинат – Прилеп ја презема реализацијата на 785 договори од Далија табак – Делчево за откуп на тутун од производителите, бидејќи оваа компанија не ги обезбеди потребните средства за откуп на 455 тони предвидени со овие договори.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Филип Морис Интернешнл (ФМИ) и Тутунски Комбинат Прилеп (ТКП) – десет години успешна соработка во Македонија

Горан Наумовски

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски