Бугарија од утре ја продолжува имунизацијата со вакцината на „АстраЗенека“

Од:

Нема проблем сите земји-членки на ЕУ да продолжат да ја употребувбаат вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд, бидејќи таа е безбедна и ефикасна, изјави попладнево на вонредниот брифинг директорот на Извршната агенција за лекови во Бугарија, Богдан Кирилов, во врска со одлуката на Европската агенција за лекови (ЕМА) за безбедноста на вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19, јави дописникот на МИА од Софија.

Изјавата следеше откако Европската агенција за лекови (ЕМА) во својата денешна одлука вакцината „АстраЗенека“ ја прогласи за безбедна.

-Билансот корист-ризик останува позитивен и нема пречки сите земји на ЕУ да продолжат да вакцинираат со лекот, додаде Кирилов.

Тој додаде дека при обдукцијата извршена врз почината жена во Пловдив не била докажана поврзаност меѓу примената вакцина и причината за смртта, бидејќи кај починатата жена не биле пронајдени тромбови.

Кирилов додаде дека од утре Бугарија ќе продолжи со вакцинацијата со „АстраЗенека“, а за оваа цел ќе го пушти во употреба сето количество од оваа вакцина – 100.000 дози.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски