Бизнсименот Орце Камчев бараше на обвинителна клупа да бидат и Лазар Јанев, синот на Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец кого го нарече амнестиран. Камчев рече дека откако го одбил вториот проект за старечки домови, од кој како што потенцираше дека добивка има Лазар Јанев, врз него почнала тортурата и бил покренат предметот “Империја”.
Бизнисменот кажа дека не ги познава Фросина Ременски, Миле Јовановски, асистентката на Јовановски Кристина.
“Фалат повеќе лица, лицето кое е амнестирано Зоран Кичевски-Милевски, фали Катица Јанева и нејзиниот син. Правите селективно обвинение. Ми беше понудено од Зоран Милевски, синот на Катица Јанева и од Бојан Јовановски. Ми беше презентирано дека има бизнис план во кој беше понуден шопинг центар ви Општина Карпош. Тие да наоѓаат брендови, ќе го полнат молот преку телевизијата и слично, јас да инвестирам. Не го прифатив проектот бидејќи сметав дека нема бизнис логика. Вториот проект беше финансирање на старечки домови преку Меѓународниот сојуз, се изготви финансиски извештај, јас и Бојан ги водевме договорите за тој бизнис проект. Јас имав моја локација во Карпош. Бизнис моделот го правеше човек од неговата компанија. Од моја страна имаше исто така вклучено луѓе. Беше спорна локацијта, капацитетот. Бојан Јовановски кажа дека не е во добри односи со градоначалникот Богоевски, па затоа баравме друга локација. Имавме спорни моменти за земјите од каде би доаѓале пациентите, што би требало ние да субвинцираме од тој проект, беше прилично спорна јазичната бариера бидејќи беше најавено дека ќе доаѓаат од Скандинавија, а медицинарите не можат да комуницираат со нив. Договорот беше потпишан од синот на Катица Јанева, а не од Бојан Јовановски. Јас не го потпишав, ви кажав зошто, причините од економскиот дел. Мислев дека е прескап и за мене неисплатлив”, рече Камчев.
Бизнисменот одговараше и на прашањето што знае за Меѓународниот сојуз на Јовановски, на што кажа: “Знам само дека бил над англиската амбасада и се вртеа бизнисмени со торби. Бојан успеа да направи цел град мајмуни”