Човекот осомничен за убиствата на осум луѓе вчеравечер во неколку спа центри и салони за масажа во околината на американскиот град Атланта наводно признало дека мотивот за тоа е неговата „зависност од секс“, изјавија денеска од полицијата.
Осомничениот 21-годишен Роберт Арон Лонг од Вудсток, Џорџија, беше задржан доцна синоќа по полициска потрага по трите одделни инциденти со пукотници вчера попладне во околината на Атланта, во кои загинаа осум лица., јави Еј-Би-Си.
-Лонг им кажал на истражителите дека салоните за масажа се виновни за тоа што му овозможувале оддишка за неговата зависност од секс, изјавија од службата на шерифот во округот Чироки, предградие на Атланта каде се случи трагичниот настан.
Лонг им кажал на истражителите дека злосторствата не се мотивирани од расна или етничка омраза.
Повеќе од жртвите во пукањето се жени со азиско потекло.
„Стоп ААПИ хејт“, организацијата за запирање на омразата кон Американците со азиско потекло излезе со соопштение во врска со трагичнио настан, во кое укажа дека оваа заедница во САД во изминатата година се соочува со тешки последици од постојани изблици на расна нетрпелливост и напади врз поединцни.
-Не е сторено доволно да се заштитат азиските Американци од зголеменото ниво на омраза, дискриминација и насилство, изјавија од организацијата.
Државниот секретар Ентони Блинкен, кој моментално е во официјална посета на Јужна Кореја, ги спомна нападите и истакна дека „сме згрозени од насилството што не смее да се случи во Америка и било каде“.
Тој кажа дека четири од осумте жртви имале корејско потекло и испрати сочуство до корејската задница во САД „која е потресена и длабоко вознемирена од овој инидент“.
-Ќе ги браниме правата на нашите сонародници корејските Американци, да бидат безбедни и кон нив да се однесуваат со дигнитет“, истакна Блинкен.