Над 7000 луѓе од Македонија во 2019 година добиле државјанство на ЕУ

Од:

Повеќе од 706.000 луѓе во текот на 2019 година добиле државјанство на некоја од земјите на ЕУ, а меѓу „новите Европејци“ приближно секој десетти потекнува од Западен Балкан, покажаа податоците на европската статистичка агенција Евростат.

Најмногу нови државјани во текот на 2019 година добиле Германија, Италија, Франција, Шпанија и Шведска, а повеќето се од Мароко, Албанија и Велика Британија.

Од Западен Балкан, најмногу нови државјани на ЕУ доаѓаат од Албанија (41.703), следи Србија (10.297), Косово (8.047), Македонија (7.147) и БиХ (6.977).

Според Евростат, граѓаните на Западен Балкан најчесто аплицирале за германско и италијанско државјанство, како и за државјанство на Франција, Шпанија и Шведска, но и на некои од поранешните југословенски републики.

Во 2019 година, Словенија доби 1.911 нови државјани, претежно од БиХ, Србија и Северна Македонија, а Хрватска 1.121, претежно од БиХ, Косово и Србија.

Како и претходните години, Романците, Полјаците и Италијанците се трите најбројни групи на државјани на ЕУ кои во 2019 година добија државјанство на друга членка на Унијата.

Стапката на натурализација (бројот на натурализирани во однос на бројот на странци во една земја) е најголема во Шведска – 7%, Романија – 4,7% и Португалија – 4,4%, објави Евростат.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ