Филипче: Немам проблем лично да се вакцинирам со вакцината на „Астра зенека“

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека лично нема никаков проблем да се вакцинира со вакцината на „Астра зенека“ чија употреба во многу земји е стопирана оти предизвикувала згрутчување во крвта. Тој најави дека за конечна одлука за оваа вакцина која се очекува до крајот на месецов да стигне во Македонија, ќе ја чека одлуката на Европската медицинска агенција (ЕМА).

„Ќе ги чекаме препораките од ЕМА и ќе се водиме по нив. Во земјава се користат само безбедни и проверени вакцини. Јас немам дилема лично да се вакцинирам со оваа вакцина“, рече министерот Филипче.

Пред да стигнат вакцините, министерот Филипче најави дека ќе се вакцинира со првата вакцина што ќе стигне во земјава за да даде пример на граѓаните, но кога стигнаа вакцините на „Фајзер“ го смени мислењето. Не се вакцинираше со објаснување дека не сака да им го земе редот на колегите здравствени работници кои работат со болните од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е закана за македонскиот идентитет

Горан Наумовски

Филипче најави продолжување на партнерството со НСДП во новиот политички фронт

Горан Наумовски

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса