ВИДЕО: Опозицискиот фронт на средба кај Заев

Од:

Новиот лидер на СДСМ, Зоран Заев го собра опозицискиот фронт. На средбата беа и Андреј Жерновски, Љубчо Георгиевски и Стојанче Ангелов и другите коалициски партнери. Не дојдоа либералот Ивон Величковски, Драгиша Милетиќ од СНС, Фијат Цаноски од ПЕИ и Слободан Угриновски од Титовите леви сили.

Заеднички став на сите е, дека фронтот треба да продолжи да функционира.

„Треба да биде посилен, да се обидеме да ја анимираме целокупното опозициско расположение во Република Македонија, а не само партии кои што се тука. Претставниците на партиите кои што се денес тука, јавно и отворено кажаа дека остануваат во Фронтот. Ние сите заедно констатиравме дека опозициското расположение во Република Македонија е поголемо од што е претставено денес во Опозицискиот фронт. Таквото расположение треба да се анимира и да се приклучат сите други, кои што мислат дека оваа Влада ја води Република Македонија во погрешна насока, што дефинитивно се покажува и со условите за живот, стандардот на граѓаните, меѓународната позиција, демократијата, медиумите, сето тоа оди назад“, изјави по средбата Тито Петковски.

Заев ги информирал партнерите за средбите со премиерот Груевски и со амбасадорите.

Поздравено е формирањето на Комисијата што ќе ги расветлува настаните од 24 декември.

Најавено е дека по конституирањето на новите раководни органи на СДСМ ќе се изработи и нова платформа за Фронтот без неколку партии што си заминаа во меѓувреме.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено