Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ од с.Младо Нагоричане, во Куманово ја спроведе завршната манифестација „Еко-ден 2013“.
Манифестацијата која што е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”, е со цел да ја поттикне свеста на помладите генерации за здрава животна средина.
Во текот на една година училиштето реализираше неколку кампањи, подготви бројни, забавни и интересни содржини.
Освен еко-пораките и еко-книга, учениците и наставниците подготвија и готвач со рецепти за здрава храна, пакувања со чаеви соберени во непосредна близина, брошури за природна нега за лице и коса, препораки и совети за уредување на градината од природни материјали и материјали што не се рециклираат, кои беа изложени на продажните штандови.
Директорката на училиштето, Виолета Станковска истакна дека знаењето кое што им го даваат на учениците, влијае врз начинот на кој тие се однесуваат кон животната средина.
-Постојано ги потсетуваме учениците, дека тоа што го научиле треба да го применат во пракса и дека на тој начин ќе станат активни граѓани, кои заеднички ќе допринесат за живот на здрава планета-изјави директорката.
Елена Георгиевска