Беџети: Не можеме да ја забрзаме екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

Од:

Министерството за правда нема правна регулатива за да преземе какви било дејствија за побрза екстрадиција на двајцата првообвинети во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, смета министерот за правда Блерим Беџети.

– Министерството ги има преземено сите неопходни активности и согласно законите не може да влијае дополнително на екстрадицијата која е во рацете на косовските власти. Јавноста е веќе информирана дека во Приштина почна судскиот процес против нив поради нелегално поседување оружје. Имало одлагање поради неприсуство на еден од адвокатите, но имајќи предвид дека случајот не е комплициран, се надевам на брз судски епилог, изјави министерот Беџети во одговор на прашање на Основачкото собрание на Комората на вештаци.

Во врска со сомнежите дека некој ги штити убијците искажани на претходното судско рочиште од страна на татковците на убиените момчиња и нивното барање одговор зошто се одолговлекува екстрадицијата, министерот за правда замоли да не се приоѓа со шпекулации на, како што рече, ваков чувствителен случај.

– Прв пат слушам за вакви сомнежи и апелирам за ваков чувствителен случај сите да придонесеме и да нема простор за разни шпекулации, рече Беџети и додаде дека Судот е местото каде се разгледува случајот.

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи судскиот процес во кој на Демири и Исмаиловиќ им се суди во отсуство за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро што се случи лани на 12 април. Во судницата беа останатите од групата обвинета за тероризам и помагање тероризам, Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири и Хаки Азири. Се изведуваа материјални докази.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски