Пет кинески компании претставуваат закана за САД

Од:

Американската Федерална комисија за комуникации прогласи пет кинески компании за закана за националната безбедност на САД според законот од 2019 година кој има за цел заштита на американските комуникациски мрежи.

ФЦЦ објави дека станува збор за Huawei Technologies, ZTE Corp., Hytera Communications Corp., Hangzhou Hikvision Digital Technology и Dahua Technology.

Законот од 2019 година предвидува дека ФЦЦ ги идентификува компаниите кои произведуваат телекомуникациска опрема и услуги „за кои е утврдено дека претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност на САД“.

– Оваа листа дава значителни упатства да се гарантира дека, имајќи предвид дека мрежите од следната генерација се градат низ целата земја, нема да се повторуваат грешките од минатото или да се користат опрема и услуги кои би претставувале закана за националната безбедност на САД, изјави вршителот на должноста претседател на ФЦЦ, Џесика Розенворсел.

Уште во август 2020 година, американската Влада усвоила прописи со кои им забранува на сојузните агенции да купуваат стоки или услуги од која било од тие пет кинески компании, а од 2019 година, Хуавеи, Хиквижн и други компании се ставени на американската економска „црна листа“.

Минатата година, ФЦЦ ги прогласи Хуавеи и ЗТЕ за закана за националната безбедност на комуникациските мрежи, забранувајќи им на американските компании користење државен фонд од 8,3 милијарди долари за купување опрема од тие компании.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија