Една година откако почна пандемијата, Французите незадоволни од справувањето на владата со кризата

Од:

МИА ЕВРОПА
Париз, 11 март 2021 (МИА) – Според истражувањето на Одокса-Бекбун за париски „Фигаро“, со кое се проценува една година на здравствена криза, поголемиот број од Французите ја поздрават постапката на нивниот градоначалник и нивното претпријатие. Управувањето со кампањата за вакцинација е во центарот на критиките, јави дописникот на МИА.

Најпрво карантинот, потоа маските, тестовите, повторните ограничувања и сега вакцината. Скоро една година по одлуката на Емануел Макрон да ја затвори земјата, дури 73 отсто од Французите според истражувањето објавено од Фигаро и Франсинфо веруваат дека градоначалниците и компаниите (68 отсто) беа на висината на ситуацијата. Французите се поделени околу однесувањето на народот: 48 отсто сметаат дека граѓаните се однесувале добро и скоро исто толку (51 отсто) го мислат спротивното.

Но, пред сè, политичките лидери се наоѓаат во срцето на критиките: скоро за две третини од Французите, ниту претседателот Емануел Макрон (63 отсто) ниту премиерот Жан Кастекс (66 отсто), ниту министерот за здравство Оливие Веран (65 отсто) не биле на висината на ситуацијата. Испитаниците се уште поостри со опозицијата, критикувани од 84 отсто од нив.

Околу 77 отсто од анкетираните веруваат дека владата „не смирува“ затоа што според нив „не е јасна“ (80 отсто) и „не знае каде оди“ (83 отсто). Три четвртини од Французите сметаат дека извршната власт „не донела правилни одлуки во вистинско време“ (73 отсто) и се убедени дека „не им ја кажала вистината“ (76 отсто). Доколку Французите се поделени во однос на управувањето со маските (52 отсто се задоволни) или економската криза (49 отсто се задоволни), тие се главно критични кон стратегијата за вакцини спроведена од јануари (75 отсто незадоволни). Доказ дека слабиот почеток на кампањата остави свој белег во јавното мислење.

Ако Французите се непопустливи кон владата, тоа е затоа што, изминатата година, здравствената криза директно ги погоди: 8 од 10 испитаници велат дека виделе дека нивната ситуација се влошува. За мнозинството од нив, оваа криза им го „влоши“ моралот (57 отсто) и ги влоши односите со пријателите (полициски час, затворање и сл.) (52 отсто). За 4 од 10 лица, нивната професионална состојба (41 отсто од активните ) е влошена и затоа, логично, нивната економска состојба (39 отсто од Французите). Здравствената криза им наштети на семејниот живот (36 отсто) и сентименталниот живот (26 отсто) на многу испитаници. Конечно, 1 од 4 лица доживеале влошување на здравјето поради Ковид-19.

Во светло на годишниот билан на здравствената криза, испитаниците извлекуваат лекции за иднината. Додека на недостигот од маски и вакцини се сеќаваат на сите, 52 отсто од Французите веруваат дека „француските компании ќе мора да го преместат повторно во Франција своето производство и да ги преиспитаат своите општествени одговорности“. Поука и за владата: 46 отсто од анкетираните веруваат дека „политичката власт ќе мора да го преиспита начинот на кој работи на краткорочен план и да ги испланира работите на подолгорочен план“. Должност за солидарност, 41 отсто од анкетираните сметаат дека „Французите ќе мора да бидат помалку индивидуалисти и да прават повеќе колективни напори“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата