„Договор куќа гради“, власта и опозицијата постигнаа согласност да се одржи надзорна расправа на тема „Надзор на делењето субвенции“.
Се договара надзорна за субвенциите
Панче Орцев од СДСМ рече дека го прифаќаат предлогот на мнозинството да не се прејудицира и во насловот да не стои „злоупотреба“, со единствена цел конечно да се отвори оваа тема во законодавниот дом, иако рече, дека токму поради злоупотребите ја барале и расправата.
„Парите не се ни на министерот, ни на Ставревски, ниту пак на Груевски, тие се на граѓаните. Не знаеме зошто, иако владата се фали со многу субвенции, сепак е зголемен увозот на храна. Ќе докажеме за време на надзорната дека има злоупотреба“, рече Орцев.
Малиша Станковиќ рече парламентарното мнозинство ќе ја подржи иницијативата за оваа надзорна расправа, бидејќи не бегаат од оваа тема.
Ромео Тренов рече дека е добро да се дружат надвор од камерите, за да не излезе дека само се расправаат и караат.