Потребни се донации за петгодишната Елеонора: Секој ден е важен за да се стопира прогресијата на болеста

Од:

Елеонора Тодоровска има пет години и се бори со леукодистрофија, ретка генетска болест што се јавува кај едно од 100.000 деца. Од дете со совршен развој, претходниве две години Елеонора ги минува низ болнички ходници бидејќи не може да оди, не зборува, отежнато голта, не може самостојно да се храни.

Болеста стагнираше по неколку здравствени третмани направени во Франција, што отвора можност и за подобрување на нејзината состојба. Докторите од турската болница „LIV hospital“ уверуваат дека може да се стопира прогресијата на болеста преку третман со матични клетки. За целта да биде остварена потребни се 17.400 евра за првите третмани.

„За Елеонора да може да има подобро детство и живот, потребна ни е вашата помош за семејството да може да го плати лекувањето. Со донациите помагате таа да може повторно сама да се храни и да биде дете како сите други, со надеж дека повторно ќе застане сама на нозе“, велат нејзините родители.

Тие велат дека донациите се за петгодишната Елеонора да ја добие големата битка со болеста, а секој ден е од исклучителна важност за да се стопира прогресирањето на болеста.

„Доколку сте во можност, вашиот придонес можете да го дадете преку телефонските броеви:

За корисници на Телеком: 143138

За корисници на A1:  143480

Трансакциската сметка во Тутунска банка на име Сања Тодоровска: 210501555959395“, стои во апелот за помош.

Би можело да ве интересира

Помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

ДУИ знаела дека прима преголеми донации, но парите не ги вратила веднаш, утврди Антикорупциска

A1on

Комбе за џамијата во Арачиново, лустери и темјан за Бигорски манастир: Донации од Агенцијата за одземен имот

A1on

Апел за помош на Никола Ѓорѓиев

Ана Ололовска