Десет години од нуклеарната катастрофа во Фукушима

Од:

Јапонија денеска одбележува 10-годишнина од земјотресот и цунамито во кои загинаа околу 18.500 луѓе, предизвикувајќи нуклеарна катастрофа и уништувајќи го брегот во североисточниот дел на земјата.

Јапонскиот цар Нарухито и премиерот Јошихиде Суга им оддадоа почит на жртвите со едноминутно молчење, а граѓаните палеа свеќи и положуваа цвеќе.

Во земјотресот со интензитет од девет степени и цунамито настрадаа 18.430 луѓе, но пронајдени се телата на 15.897 жртви. Повеќе од 160.000 лица биле принудени да ги напуштат своите домови.

Во нуклеарната централа Фукушима, на североисточниот брег на Јапонија, беа уништени системите за разладување и протече радиоактивен материјал.

Се проценува дека уште 3.700 луѓе починале поради тешките услови за евакуација и животните услови кои се резултат на природната катастрофа и нуклеарната несреќа.

Би можело да ве интересира

Јапонија: Силен земјотрес ја погоди префектурата Фукушима

Јапонија: Нема промена во нивото на радијација по земјотресот во Фукушима

Силен земјотрес ја погоди Фукушима

Одложено е извлекувањето на нуклеарниот отпад од централата Фукушима

Врховен суд на Јапонија: Владата не е одговорна за отштетата за Фукушима

Ана Ололовска

Шест лица го тужат операторот на нуклеарната централа Фукушима поради рак на тироидната жлезда

Ана Ололовска