Врховен суд на Јапонија: Владата не е одговорна за отштетата за Фукушима

Од:

Врховниот суд во Јапонија денеска одлучи дека владата не е одговорна за отштетата што ја бараат луѓето чии животи беа уништени од нуклеарната катастрофа во Фукушима, што е прва ваква пресуда во серијата слични случаи.

dobivaj vesti na viber

Тужителите во повеќе колективни судски процеси бараа отштета од фирмата „Тепко“ која стопанисуваше со електраната, како и од државата.

Во март, Врховниот суд ја потврди одлуката на понискиот суд за Тепко да плати отштета од 1,4 милијарди јени на околу 3.700 луѓе.

Пониските судови во своите одлуки беа поделени околу степенот на одговорност на владата во предвидувањето на катастрофата и наредбата на компанијата да преземе мерки за да ја спречи.

Масовно цунами предизвикано од земјотрес со јачина од 9 степени во близина на североисточниот брег на Јапонија на 11 март 2011 година ја погоди нуклеарната централа Фукушима и ја предизвика најлошата нуклеарна катастрофа од Чернобил, принудувајќи околу 470.000 луѓе да се евакуираат во првите денови по катастрофата, а десетици илјади и сега не можат да се вратат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поради тајфун во Јапонија евакуирани повеќе од 72.000 луѓе

Катерина Павлова-Николовска

Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Ана Ололовска

Откажана средбата на шефовите на дипломатијата на Кина и на Јапонија

А1он

Во Јапонија 200.000 луѓе повикани на евакуација по обилните дождови

Горан Наумовски

Јапонија „загрижена“ поради најавата за кинески воени вежби

Високи температури на воздухот во Јапонија