Треба со факти и аргументи да се носат одлуките, ОЈО отвори соодветна постапка, вели Николовски за случајот со породувањето во струшката болница

Од:

Службите, инспекторатите и институциите веднаш имаат постапено и не можеме некого за што било да осудуваме. Треба на база на факти и аргументи да се носат и одлуките. Во однос на овој случај има соодветна постапка пред Основното јавно обвинителство, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, одговарјаќи на новинарско прашање за случајот со породувањето во струшката болница.

Николовски, нагласи дека тој лично, а не некој друг, во првиот момент веднаш ги повикал инспекторатите да преземат активности и да достават до надлежните институции соодветни иницијативи.

– Први пред било кој медиум го изнесовме случајот. Тоа говори за транспарентноста и неселективноста по однос на било што, изјави Николовски, одговарјаќи на новинарски прашања по увидот во новите простории на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Посочи дека се покренати сите иницијативи и дека инспекторатот експресно донел решение за забрана за вршење на дејност во рамки на тие простории.

– Тековно се испитуваат и други простории и во други општини. Го прифатија сите апелот, што лично дојде од мене, да расчистиме со многу простории и да стане јасно во јавноста за појавите кои што ги имаме. Ќе потенцирам, никој во претходните три децении на некој начин немал храброст да ги отвори и да се решаваат, изјави Николовски.

До нас, рече тој, се уште не е дојден извештај на Лекарската комора, за кој дознавме вчера од медиумите.

– Сите аргументи ќе се имаат во предвид. Во тој извештај, како што го пренесоа медиумите нема никакви прекршувања во делот на стручноста. Така да, ние сме првите кои што покренале соодветни постапки и за било кој друг, и за овој случај и секако до крај и оваа работа ќе биде истражена и ќе бидат преземени и други активности, изјави Николовски.

По однос на било кој дел од одговорноста, нагласи Николовски, ќе биде постапено и од страна на Владата.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, рече дека тие не постапувале по овој случај, бидејќи бил веднаш преземен од ОЈО, но дека според неа лично не може некој да влезе во болница и излезе без три органи и тоа се да биде по закон.

– Се случуваат ужаси, а се е по закон. Тоа, ако ништо друго треба од министерството уште една комисија да отиде и да го провери случајот. Од друга страна, бидејќи се повеќе зборуваме за етички кодекси, по мене не е етички некој, на кој што му се случиле вакви работи да раководи со таква институција. Ова е мој личен став, бидејќи во Комисијата не сме го разговарале како предмет, изјави Николовска.

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал