Штипскиот Завод за заштита на споменици (ЗЗС) и Музеј на град-Штип годинава од Програмата на Министерството за култура доби повеќе проекти, а голем дел се однесуваат на истражувања на локалитетот „Баргала“. Директорот на ЗЗС и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов вели дека задоволни се од одборените проекти, а лани и покрај посебните здравствени протоколи археолозите ги завршија сите теренски активности на локалитетите. Посочува дека пред 15 дена имале сериозен проблем со блокирање на смертката на институцијата, но во овој случај веднаш помогнало Министерството за култура.
-Имавме долг некаде од 3,5 милиони денари за изградбата на Музејот за револуционерната борба во населбата Ново Село, но Министерството за култура успеа да смогне сили и пред 10 до 15 дена успеавме да го исплатиме долгот. Така да сега можеме да функционираме. Долгот за Музејот за револуционерната борба е за неговата изградба, односно се откупи куќата, се направи Музејот. Завод и Музеј имаше побрувања коишто не беа реални од градежната фирма. Тој спор се води некаде од 2016 година, каде што побарувањата ги надминуваат тендерските суми, вели Штерјов.
Тој истакна дека годинава на „Баргала“ ќе ги реализираат целосно бедиме околу археолошкиот локалитет, најпрвин треба да се истражат, а потоа и да се направи проект за конзервација.
-Навистина имаме солиден проект, којшто долги години го спремаме, сега е во завршна фаза, а тоа е проектот за црквата „Света Богородица“ во Ново Село, каде што имаме проект за целосна рестврација, односно ревитализација на галеријата на икони, добивме и проект за конзервација на иконите и се надеваме дека во најскоро време ќе може да ја отвориме галеријата, вели Штерјов.
Археолозите ќе истражуваат и на локалитетите кај езерото Мантово, Пилав Тепе, а годинава за првпат ќе организираат и ликовна колонија на којшато ќе се претстави културното населдство низ ликовната дејност, вели Штерјов.
Проектите коишто ги има добиено оваа национална устанува ќе чинат од четири до четири и пол милиони денари, за што Штерјов вели дека ова е просечната сума којашто секоја година ја добиваат.