Се договара надзорна за субвенциите

Од:

Во Собранието, трае договорот околу одржување на надзорната расправа на тема „Злоупотреба во доделувањето на земјоделските субвенции“.

Панче Орцев од СДСМ рече дека огромни средства наменети за земјоделците се злоупотребуваат.

„Парите не се ни на министерот, ни на Ставревски, ниту пак на Груевски, тие се на граѓаните. Не знаеме зошто, иако владата се фали со многу субвенции, сепак е зголемен увозот на храна. Ќе докажеме за време на надзорната дека има злоупотреба“, рече Орцев.

Малиша Станковиќ рече парламентарното мнозинство ќе ја подржи иницијативата за оваа надзорна расправа, бидејќи не бегаат од оваа тема.

„Зошто се поставувате како да имате дво третинско мнозинство, и зошто не се консултирате со нас. Иако сакате да не го гласаме овој предлог, ние сепак со нашите аргументи ќе дојдеме на расправата. Зошто насловот е „злоупотреба на средствата“, со ова прејудицирате , и се криете зад пратеничкиот имунитет. Ја кршите процедурата, судови ли сте да кажувате дали има злоупотреба. Ние ви попуштаме, и ќе прифатиме надзорна, забележа Станковиќ.

„Покажавте површност. На насловот има прашална форма. Да не треба да бидеме благодарни дека ќе не удостоите и ќе гласате да се одржи расправата“, рече Ленче Николовска, претседател на комисијата.

Ромео Тренов од парламентарното мнозинство побара пауза за да се искоординираат дали е можен договор за промена на насловот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година