ФБИ oбјави нови снимки на кои се гледа како едно лице поставува импровизирани експлозивни направи пред седиштата на Републиканскиот и Демократскиот национален комитет ноќта пред нападот врз Капитол.
„Маскиран човек со качулка на 5 јануари постави две бомби во близина на седиштата на Демократската и Републиканската партија“, наведува ФБИ.
На видеото се гледа како тој застанува во еден момент за да ги избрише очилата.
ФБИ бара помош од граѓаните и нуди 100.000 американски долари за повеќе информации за сторителот.