Доживотен затвор за пет лица поради учество во убиството на рускиот амбасадор во Анкара

Од:

Турскиот суд денеска осуди пет лица на доживотен затвор поради учество во убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов во 2016 година.

Еден од нив е обвинет како организатор на нападот, а друг осуден е поранешен разузнавач кој доставувал информации за Карлов.

Други шестмина се прогласени за невини, додека седум лица се осудени за членство во вооружена терористичка група.

Тие се осудени поради поврзаност со 22-годишниот напаѓач Мевљут Мерт Алтанташ, кој беше елиминиран од турската полиција откако го уби Карлов.

Рускиот амбасадор беше застрелан додека посетуваше изложба во турскиот главен град, а вознемирувачката снимка од нападот, која беше објавена, ја згрози светската јавност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски