Владата и Собранието се задолжени да внимаваат на заштита на независноста на судството, но тоа не значи дека судиите и обвинителите се над законот, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција што се одржа во Влада, а на која беше презентиран усовениот документот „Агенда Европа дома“.
Одговарајќи на новинарско прашање Маричиќ истакна дека не мисли оти судиите и обвинителите се заштитени, особено ако се земе предвид дека во изминативе години биле разрешени 11 судии.
– Ние по прв пат во последните четири години за разлика од претходно имаме судски постапки и обвинителски истраги што се однесувале и на обвинители и судии, имаме и пресуди првостепени и за обвинител и за судија во последниве неколку години, така што мислам дека ако на тоа го дадеме и процесот на прочистување кој што е започнат, … и веќе имаме 11 разрешени судии, дел од нив кој што беа симбол на едно друго време мислам дека не можеме да зклучиме дека судиите и обвинителите се заштитени, изјави министерот за правда.
Додаде дека ваквиот принцип на прочистување ќе предизвика доверба кај јавноста.
-Принципот ќе успее само доколку го тераме на еден принципиелен начин врз основа на Уставот, законите и доколку бидат резултатие видливи за граѓаните јас мислам дека имаме со што да се пофалиме во овој дел, заклучи Маричиќ.с