Владата усвои агенда „Европа дома“

Од:

Владата денеска ја усвои Агендата „Европа дома“ во која што се преточени принципите и заложбите поставени како приоритет во владината акција 21 со која, како што објави премиерот Зоран Заев е потврдена одлучноста да се имплементираат европските стандарди и вредности во секој сегмент на нашето општество.

Станува збор за агенда на Владата и за другите институци како што се Собранието, правосудните органи, Државната изборна комисија, Држваната комисија за спречување на корупцијата, како и други агенции и комисии кои во соработка со Владата ќе ги завршат преостанатите активности за целосна европеизација на системот и на нивната работа според стандардите на ЕУ како наши одредници.

-Агенда дома е своевиден роковник со утврдени активности и нивни носители кои во точно одреден рок треба да ги завршат своите обврски за да ги унапредиме институциите и системоѕ. Преку тоа граѓаните ќе добијат подбри услуги и подбар живот и уште еднаш да докажеме дека Сецерна Македонија го заслужува местото во ЕУ и дека природно припаѓа во европското семејствонарод, рече Заев на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на која присуствуваат и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министрите за правда и за финансии Бојан Маричиќ и Фатмир Бесими.

Документот е подготвен врз основа на обврските кои сме ги презеле во рамките на заедничките тела меѓу Македонија и ЕУ, а кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и препораките на Европската комисија. Документот го подготви вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров со тимот на Секретаријатот за европски прашања.

За секоја приоритетена област, посочи Заев, се наведени прецизни цели и надлежни институции, како и рокови за нивна реализација, додека за документот се консултирани и невладини организации кои работат во областа на евроинтеграциите како и Делегацијата на ЕУ.

– Оваа граѓанска Влада успеа да ја постави земјата на патот на безбедноста и сигурноста и постигна значителен напредок во клучните политички и економски области. Тој напредок е признат од сите наши стратешки партнери. Станавме 30-та членка на НАТО и добивме едногласна безусловна препорака од Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори, нагласи Заев.

За жал, посочи Заев, поради недавање на согласнот од една земја-членка за одобрување на рамката за преговори, првата меѓувладина конфернеција за официјлано започнување на преговорите се уште се нема случено.

– Долго сме во процесот и секако нема да запреме. Се соочуваме со предизциви, но нема да бидеме обесхрабрени. Продолжуваат политичките и дипломатски напори и обиди за отсранување на ветото од Бугарија. Кога сме посветени и сплотени резултатите ќе дојдат, рече Заев.

Продолжуваат и реформите, посочи Заев, со кои европските стандарди ги внесуваме дома, во нашиите институции за да ги ползуваат нашите граѓани и затоа документот Агенда Европа дома се потпира на новата методологија и кластерот темели.

– Акцентот е ставен на изборната реформа, на правосудството, на борбата против корупцијата и организирнаиот криминал, на темелните човекови права, на реформите во медиумската сфера, на економското владеење и на реформата во јавната администрација, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството