Нетанјаху: До крајот на април завршува епидемијата во Израел

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел ќе излезе од епидемијата на коронавирусот до крајот на април. Изјавата ја даде за време на средба со жена која е петмилионит вакциниран жител на Израел.

Нетанјаху го оцени тоа како големо достигнување за Израел, која, како што рече, е првата земја во светот што ќе излезе од пандемијата на коронавирусот.

– Имаме нешто повеќе од милион граѓани над 16 години да вакцинираме. Излегуваме од пандемијата и нема причина да се грижиме, изјави Нетанјаху.

Како што најави, владата работи на набавка на десетици милиони вакцини со цел да се одржи економијата отворена и да се избегнат нови затворања.

Тој додаде дека во Израел ќе се градат фабрики за производство на вакцини.

Израелски експерти соопштија вчера дека бројот на дневни смртни случаи во Израел се намалил за 71 процент, а бројот на тешки случаи за 45 проценти во споредба со средината на јануари, кога епидемијата достигна врв во таа земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски