Британскиот премиер Борис Џонсон не го гледал телевизиското интервју на американската водителка Опра Винфри со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, кое се емитуваше во текот на ноќта, но верува дека секое прашање од интервјуто е исклучиво работа на Бакингамската палата, изјави денеска портпаролот на премиерот.
– Очигледно тоа е работа на Палатата, рече портпаролот на прашањето за коментарите на Меган дека некој од британското кралско семејство изразил загриженост за тоа колку може да биде темна кожата на нивниот син.
– Премиерот претходно рече дека нема место за расизам во оваа земја, тој тоа го рече во неколку наврати, потсети портпаролот на Џонсон.