Највисоката спирална зграда во светот свечено е отворена во Дубаи. „Инфинити Тауер“ е висока 307 метри и има 75 ката. Нејзина најголема специфичност освен што може да се врти за 90 степени, е и тоа што со својот облик ги намалува ударите на ветрот на самата зграда.
За нејзината изградба беа потребни осум години, а се состои од 570 станбени единици, од кои 495 апартмани.
Осумдесет отсто од просторот во зградата веќе е продаден или закупен, а воедно е и носител на меѓународно признание за своите неверојатни можности.