ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски манипулира со јавноста

Од:

Проектот на Андреј Жерновски за бесплатно паркирање според ВМРО-ДПМНЕ е класично манипулирање со јавноста, реагираат од владеачката партија.

Паркингот во општина Центар не може да се смета за целосно бесплатен како што изјави Жерновски кога секое семејство во општина Центар кое има втор или пак трет автомобил ќе плаќа парични средства за истиот да биде паркиран.

„Јасно ни е дека Жерновски со лажење ја започна својата градоначалничка функција и знаеме дека ќе продолжи да манипулира со граѓаните на Општина Центар. Предлог кој го даде советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е целосно бесплатен паркинг за граѓаните на Општина Центар, но градоначалникот Андреј Жерновски тоа не го прифати. Поради тие причини советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласаше воздржано и нема намера да ја поддржи и да учествува во уште една измама на Жерновски“, стои во реакцијата од владејачката партија.

Тие потенцираат дека на господинот Жерновски ова не му е прва измама, тој ги излажа граѓаните дека ќе гради ново училиште и градинка.

„Сакаме да го потсетиме господинот Жерновски дека не ја лаже ВМРО-ДПМНЕ, туку граѓаните кои му ја дале довербата да ја води општината“, заклучуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче