Актуелниот англиски првак Ливерпул им приреди попладнево ново разочарување на своите навивачи, откако загуби на домашен терен од Фулам со 1:0 и со тоа продолжи да поставува нови неславни рекорди во Премиер лигата.
За тимот на Јирген Клоп ова е шести пораз во серија на домашен терен, што е најдолга губитничка серија на Ливерпул во клупската историја.
Паралелно со ова, Ливерпул стана и единствениот бранител на титулата во историјата на Премиер лигата, што загубил шест едноподруго натпревари на домашен терен.
Ливерпул последен пат победи на домашен терен на 16 декември минатата година, против Тотенхем со 2:1, и по 28 одиграни натпревари во Премиер лигата е седмопласиран со 43 бодови, 22 помалку од лидерот Манчестер сити.