Тројца палестински рибари загинаа кога ракета им го погодила бродот во водите на Појасот Газа

Од:

Тројца палестински рибари се убиени откако проектил го погодил нивниот брод во водите на појасот Газа, што е под израелска блокада, пренесува агенцијата Анадолија.

Шефот на палестинското здружение за риболов, Низар Ајајас, изјави дека ракетата го погодила рибарскиот брод во јужна Газа, во близина на Кан Јунис.

Телевизијата Ал Џазира на англиски јазик јави дека трите лица загинале во „мистериозна експлозија“.

Ајајас уште додава дека тројцата палестински рибари кои биле на бродот се убиени, но појасни дека се уште не знаат од каде е истрелана ракетата.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека тие немаат никаква врска со инцидентот, а смртта на тројцата рибари е предизвикана од експлозија од внатрешноста на Газа.

Би можело да ве интересира

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа