ВИДЕО: Хаос во ЕРТ по прекинот на програмата

Од:

Синоќа во 23 часот по локално време прекина емитувањето програмата на државната грчка радио и телевизија ЕРТ.

Главниот предавател близу Атина бил исклучен од полицијата, но вработените на телевизијата, кои ги запоседнаа просториите, продолжија да емитуваат отворено студио во текот на целата ноќ, најпрвин преку аналоген сигнал, кој подоцна исто така бил исклиучен, а потоа само на интернет.

Владата на Грција вчера соопшти дека ќе биде прекинато времено емитувањето програми на националната телевизија и радио заради економски мерки. Владин портпарол изјави дека компанијата трошела премногу средства, страдала од корупција и лош менаџмент.

Според грчки медиуми, се очекува ЕРТ да продолжи со работа „во најсокоро време“, но со помалку вработени.

Би можело да ве интересира

Речиси четворица од десет Грци сметаат дека Договорот од Преспа е неповолен

Исчезна 16-годишно девојче од Атина, последен пат е видена во неделата

Турист од САД е пронајден мртов на остров во близина на Крф, во Грција исчезнаа уште тројца туристи

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Грција: Четворица загинаа во автобуска несреќа, тројца се повредени

(ВИДЕО) Оружен инцидент во супермаркет во Грција, едно лице загина, а друго е повредено

Горан Наумовски

Поради високите температури на Грците им е забрането да работат надвор: Казни од 2.000 евра