(ВИДЕО) Жерновски: Конечно неограничено бесплатно зонско паркирање за центарци

Од:

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски на денешната прес конференција соопшти дека жителите на општината ќе имаат можност за бесплатен паркинг.

„Мнозинството советници изгласаа одлука со која жителите на Центар конечно ќе имаат неограничено бесплатно зонско паркирање на територијата на општината. Со ова се исполни едно од основните изборни ветувања“, рече Жерновски.


Оваа одлука е донесена вчера, на маратонската седница во 7 часот наутро . Одлуката стапува на сила со објавување во Службен весник.  Во меѓувреме, Јавното претпријатие ги изготвува налепниците кои ќе им бидат поделени на граѓаните на општина Центар.

Но за жал сите не мислеа за доброто на граѓаните, потенцираше претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ.

„За одлуката од интерес на граѓаните, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, замислете, гласаше воздржано. Ги изневерија жителите на Центар“, рече Шиповиќ.

Ги повика советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат ситните партиски ингтереси и да бидат единствени кога се работи за доброто на граѓаните и на општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сакаше да излезе од паркинг, па удри во шест автомобили

А1он

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ