ВИДЕО: Србија викендов „се затвора“ – мерките заострени по скокот на бројките на заразени и починати

Од:

Српскиот Кризен штаб соопшти дека како одговор на влошената епидемиолошка ситуација во земјата и зголемениот број на новозаразени и починати од Ковид-19, донесена е одлука земјата да се „затвори“ претстојниот викенд.

Како што објасни главниот српски епидемиолог д-р Предраг Кон, ова ќе значи дека од сабота напладне до понеделник наутро во шест часот, во земјата ќе бидат затворени сите продавници освен оние кои продаваат храна, лекови и горива.

Кон додаде дека е донесена и одлука од понеделник сите средни училишта да преминат на онлајн настава, додека основците ќе продолжат да одат на училиште, иако имало предлог и тие да преминат на виртуелна настава, кој не е прифатен.

И покрај заострувањето на заштитните мерки против коронавирусот, во Србија и натаму ќе работат театрите, а ќе може да се одржат веќе закажаните спортски настани, но без присуство на публика. Од понеделник, повторно ќе работат сите продавници и угостителски објекти, а мерките се враќаат како пред „затворањето“.

Би можело да ве интересира

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина