Преку 200 жалби на изборниот процес поднесени во Косово

Од:

По објавувањето на конечните резултати од вонредните парламентарни избор во Косово, кои се одржаа на 14 февруари, до Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП) се поднесени вкупно 208 жалби од неколку субјекти кои учестуваа на изборите.

Во денешното соопштение на ПЗАП се вели дека веќе е започната процедурата на разгледување на жалбите, кои незадоволните од резултатите кои вчера ги објави Централната изборна комисија (ЦИК) истече денеска во 11 часот и 25 минути. Панелот има рок од 72 часа да одлучи по поплаките.

Според конечните резултати од вонредните парламентарни избори кои ги бјави вчера ЦИК, апсолутен победник, со освоени 49,95 отсто од гласовите и 58 пратенички места, е партијата на Албин Курти, Движење самоопределување (ВВ).

Второрангирана, со освоени 16,9 отсто , е Демокртската партија на Косово (ПДК), додека досега владејачките, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК) освоија по 12,64, односно 7,07 отстоод гласовите.

Според овие резултати, ПДК обезбеди 19, ЛДК 15, а ААК осум пратенички места. Десет места во 120-членото Собрание на Косово, според Уставот, се резервирани за претставниците на српската заедница, а исто толку и за оние на помалите етнички заедници.

Би можело да ве интересира

Петковиќ: На изборите во северно Косово гласаа 13 Срби

Горан Наумовски

Вучиќ: Берлин преку Брисел ќе има главен збор во решавање на косовското прашање

Драган Поповски

Харадинај го призна поразот на изборите

Предраг Петровиќ