Харадинај го призна поразот на изборите

Од:

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската партија, Рамуш Харадинај, по завршувањето на изборите, според косовските медиуми индиректно го призна поразот.

„Алијансата расте, но тешко е да се добие точен резултат“, изјави Харадинај синоќа, кој себе се сметаше за победник пред изборите, но освои само 10 проценти од гласовите.

Според преброените гласови, Движењето Самоопределување на Албин Курти освои 26 проценти од гласовите. Според Централната изборна комисија, Демократскио сојуз на Косово со 25 проценти е втора по бројот на освоени гласови, а на третата позиција е Демократската партија на Косово. Српска листа освои 10 мандати, односно целосна победа кај српското малцинство.

Партијата на Рамуш Харадинај освои 11 мандати, а 24 пратеници освои ПДК на претседателот Хашим Тачи. Лидерот на Самоопределување Албин Курти изјави дека ќе формира влада со тоа што ќе коалицира со Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Берлин преку Брисел ќе има главен збор во решавање на косовското прашање

Драган Поповски

Харадинај во Хаг се бранел со молчење, најави враќање во политиката

Ана Ололовска

Почна сослушувањето на Харадинај во Хаг

Ана Ололовска

Харадинај потврди дека денеска ќе отпатува за Хаг

Ана Ололовска

Мета: Горд на Харадинај, нема притисок што ќе го скрши државникот и национaлен херој

По оставката на Харадинај, Самоопределување ја исклучува можноста за техничка Влада