Дали Заев по шамарот од САД го подгoтвува Фрчкоски за уставен судија или амбасадор во Белград прашува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Неприфаќањето на Фрчкоски од страна на САД за амбасадор на Македонија е доказ дека Заев и дружината не поминуваат подалеку од Софија велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фрчкоски е докажан женомрзач, тепач на жени, шверцер на нафта и цигари и министер во МВР кога се случи атентатот врз Глигоров. Фрчкоски беше дел од владата на СДСМ која ја направи матната приватизација и во чие време се кршеше ембаргото кон Србија. Зоран Заев ги понижи САД со испраќањето на Фрчкоски како амбасадор. Зоран Заев направи дипломатски скандал, и ја посрамоти Македонија. Фрчкоски е четврти дипломат кој му го враќаат сојузниците. Како четврти вратен се поставува прашањето дали Заев намерно ја поткопува западната алијанса и НАТО“, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДМПНЕ прашуваат дали Заев по шамарот од САД го спрема Фрчковски за уставен судија или амбасадор во Белград.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина