Бројот на смртни случаи кај деца од сипаници во најбројната пакистанска покраина Пенџаб, во изминатите два месеца е 157, соопштија здравствените власти.
Премиерот на покраината Сехбаз Сериф изјави дека во следниот период секое дете кое ќе го загуби животот од сипаници ќе биде негова одговорност како и дека ќе бидат преземени широки мерки за да се спречи ширењето на вирусот.
Во Пакистан во минатата година од инфекција на сипаници починаа 460 деца.