Заев се сретна со претставници на Македонската горанска заедница на Косово

Од:

Премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на Македонската горанска заедница на Косово, претседателот Авнија Рахте и секретарот и координатор Аце Димовски.

Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот се поздравени интегративните политики на премиерот Заев и реализацијата на концептот „Едно општество за сите“.

– Констатирано е дека политиките на пријателство и дијалог на премиерот Заев се пример и силен поттик за соработка и почитување како меѓу граѓаните во државите од регионот, така и за добрососедските односи. Во таа насока е пренесено дека резултатите од политиките на пријателство и грижа се гледаат и граѓаните Горанци тоа го ценат, се додава во соопштението.

На состанокот е разговарано за помош и поддршка на некои проекти важни за Горанците во Косово, од страна на Владата во нашата држава, согласно законските можности.

– Соопштено е дека Македонската горанска заедница на Косово како невладина организација е регистрирана во октомври во 2007 година, со што е овозможена институционална соработка на Македонската горанска заедница којашто е традиционално присутна во Косово со тамошните власти, информира владината Прес-служба.

Соработката, како што се посочува во соопштението, се однесува на прашања од економски и социјален карактер, односно подобрување на животните услови на Македонската горанска заедница на Косово, како и за заштита, грижа и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски континуитет и статус.

– Бидете уверени дека се грижиме и ќе се грижиме за сите граѓани, вклучувајќи ги и Горанците кои живеат и работат во Косово, кои се мирољубиви луѓе и со својата конструктивност придонесуваат во мирот и во развојот во пошироки рамки, рече премиерот Заев на средбата.

Би можело да ве интересира

Кој е Беким Сејдиу – кандидатот за претседател на Косово?

А1он

Србија одби да игра против Косово и се повлече од Медитеранските игри

Предраг Петровиќ

Tачи: Очекувам да бидам ослободен од обвиненијата по сите точки

А1он

Зеленски од Белград порача дека нема да го признае Косово, стигна одговор од Еди Рама

Приштина реагира на ставот на Зеленски за Косово: „Нашата државност мора да се почитува“

Пукање во близина на Дечани: Има мртви

Горан Наумовски