Пратениците расправаа за закони од сферата на здравството, гласањето идната недела

Од:

Во попладневниот дел од 34-тата седница, пратениците во Собранието дебатираа за девет закони од сферата на здравството.

Пратениците од опозицијата нагласија дека предлог законите се само усогласување со Законот за прекршоци од 2019 година и оти сето тоа би било во ред доколку земјава не се соочува со катастрофали последици од Ковид-19.

Според нив, наместо да се прават вакви усогласувања, досега министерот за здравство Венко Филипче и Владата требаше да набават вакцини.

Пратениците од мнозинството, пак, оценија дека секогаш кога е тема здравството опозицијата се обидува да собира политички поени.

Тие порачаа дека не е точно оти само земјава се соочува со проблеми во справувањето со пандемијата, бидејќи нив ги има во целиот свет, оценувајќи дека на опозицијата и пречи „кредибилитетот на министерот Филипче и Комисијата за заразни болести“.

Од дневниот ред од 68 точки, пратениците го завршија општиот претрес за околу 60 од нив, од кои најмногу во прво читање. Најголем дел од овие законски решенија се од сферата на финансиите, од сферата на Министерството за внатрешни работи, за здравство и земјоделство.

Дополнително ќе биде закажано продолжението на 34-тата седница, а како што во претпладневниот дел најави спикерот Талат Џафери, за законите ќе се гласа на 9 март.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага