Кривична пријава против пет македонски и еден британски државјанин заради приложување на лажен негативен тест за Ковид-19 на аеродромот во Скопје.
– Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Е.Д.(22) од Р.Турција, Н.Р.(48) и Е.Р.(34), двајцата од с.Неготино, гостиварско, Р.А.(22) од с.Пласница, општина Македонски Брод, Н.Б.(67) од Кичево, С.Б.(22), државјанин на Р.Северна Македонија и В.Б.(37) државјанин на Велика Британија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти денеска МВР.
Од Министерството информираат дека тие во периодот од 16 февруари до 27 февруари 2021 година во Полициската станица за Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.