Халуциногена дрога во Пинтија – полицијата најде ЛСД во домот на млад жител на скопската населба

Од:

23-годишен жител на скопската населба Пинтија ќе биде гонет за продавање дрога од страна на Обвинителството, откако полицијата го претресла неговиот дом и пронашла 70 картончиња со халуциногената дрога ЛСД.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претресот во домот на осомничениот 23-годишник на улица „Саса“, полицијата пронашла психотропна супстанција – 70 картончиња диетиламид на лизергинска киселина (ЛСД), како и 0,34 грама семки од канабис,“ се вели во соопштението од Обвинителството.

„Одлучувајќи по предлогот на надлежниот јавен обвинител за определување мерки за обезбедување на осомниченото лице во текот на кривичната постапка, судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое на осомничениот му определи забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, повремено пријавување кај службено лице во Судот и привремено одземање на патната исправа, односно забрана за издавање нова,“ додаваат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Бомба фрлена кон куќа во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Еден повреден и петмина приведени по тепачка на семејна веселба во село во Центар Жупа

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица