Материјална штета по земјотресот од 6,2 степени по Рихтер во Грција

Од:

По силниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтеровата скала што напладне беше регистриран во централна Грција, материјална штета претрпеа најмалку две цркви, едно училиште и неколку објекти во грчките села во близина на епицентарот, а нема информации за повредени или жртви, јави дописничката на МИА од Атина.

За час и половина следеа уште 11 други земјотреси, од кои еден од пет степени, а осум над четири степени според Рихтеровата скала, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.

Жителите на Лариса и околните места се вон нивните домови, а со одлука на периферијата затворени се училиштата во целиот регион.

Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека се мобилизирани сите спасувачки екипи, додека пак по наредба на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, владин тим се упатува кон регионот во кој се случи земјотресот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина