Владата усвои Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за годинава за што се обезбедени милијарда 516 милиони денари или околу 25 милиони евра, а со него ќе бидат опфатени 10279 лица. Со Оперативниот план, како што посочи денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе ги опфати најтешко вработливите и најранливите категории граѓани, а првпат годинава повеќе средства ќе бидат издвоени за понеразниените региони.
-Ние првпат во воведот на Оперативниот план ставивме три принципи Првиот – при вклучувањето во оперативниот план предност да имаат лицата кои останале без работа поради ковид-пандемијата, бидејќи тоа се лица кои најлесно би се вработиле, бидејќи имаат квалификации и вештини и веќе биле на пазарот на труд. Вториот принцип е диверзитет и инклузивност согласно меѓународните снадарди на МОТ кој ќе значи дека сите граѓани во државата ќе имаат право да учествуваат на пазарот на труд, односно да се вкчлучат во оперативниот план, кој е креиран да овозможи вработување на најтешко вработливите категории граѓани, кои долго биле надвор од пазарот на трудот, но, пред се ранливите без разлика на етничка припадност, пол националност…, рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Прифатниот центар за поддржано живеење на бездомни семејства каде се изврши попис на овие лица.
Оперативниот план, нагласи министерката, дава можност во сите програми и мерки да биде пресликано општеството, но кога аплицираат граѓаните аплицираат за онаа мерка за која ги исполнуваат условите. За која било мерка, појасни таа, се аплицира врз основа на јасно прецизирани критериуми, а дополнително при изборот се повикува на трите принципи од воведот на планот.
-При изборот на лицата кои треба да бидат вклучени вие не можете да принудите да влегуваат ако не пројавиле интерес на пример Македонци кај македонски работодавач, не може да ги принудиме со сила да вработуваат ако не постојат такви во понудата. Кога имате пртставници од различни етнички заедници да биде при изборот отсликано општеството, диверзитетот, различноста на сите граѓани, но, основен критериум за влез е ранливоста на граѓаните, рече министерката за труд и социјална политика.
Третиот многу значаен принцип кој првпат го ставаме во воведот на оператвниот план, истакна Шахпаска, е рамномерниот регионален развој повеќе средсvта за општини кои се помалку развиени.