Влада: Најновиот извештај на Фридом Хаус констатира напредок со позитивни оценки за реформите

Од:

Во извештајот на организацијата „Фридом Хаус“ за 2021 година генералната оценка е дека Владата на реизбраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќегодишното претходно уназадување на демократијата и дека сериозно прашање за државата е тоа што ЕУ не го одржа ветеното дека земјата ќе го започне процесот на преговори на крајот од 2020 година, соопшти владината Прес-служба во врска со најновиот извештај на „Фридам Хаус“ насловен „Слободата во светот 2021“.

Во соопштението се посоочува дека годинашната оценка за државата во извештајот е 66 од можни сто поени, што е за три поени напредок од лани.

– Фридом Хаус се повикува на позитивните оценки на ЕУ за реформите во правосудството, и дека е потребно да продолжи практикувањето на законските можности за зајакнување на независната работа на судиите. Во документот е забележан прогрес во поддршката на граѓанското општество со констатација дека дел од граѓанските организации кои застапуваат човекови права укажуваат на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните поддржувачи, се додава во соопштението.

Од Владата посочуваат дека во Извештајот се констатира оти работата на невладините организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година, како и дека „Фридом Хаус“ нотира раст на бројот на критички и независни медиуми, особено на онлајн платформите.

– За делот на извештајот кој регистрира дека новинарите работат во услови на политички притисок и дека се констатирани напади врз новинарите, треба да се истакне дека во последните години за овие инциденти се спроведува итна постапка и дека редовно институционално се процесуираат сите предмети за физички или вербален напад врз медиумските работници, се додава во соопштението на владината Прес-служба.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада