Двата бараж натпревара преку кои две екипи ќе обезбедат место во Првата македонска фудбалска лига за сезоната 2013/2014 ќе се одиграат денеска.
На Градскиот стадион во Штип ќе играат деветто пласираната екипа од Првата лига, Дрита и Еуромилк од Скопје, тим кој во второлигашката конкуренција заврши на четвртото место.
Во Кичево, битолски Пелистер за опстанок во Првата лига ќе игра против Скопје, кој беше третопласиран тим во Втората лига.
Почетокот на двата натпревара е во 16 часот и 30 минути.