„Најновиот извештај на реномираната Фридом Хаус, нотира напредок на Република Северна Македонија во споредба со минатата година за 3 поени.
Генералната оценка на најновиот извештај на Фридом Хаус е дека Владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќе годишното претходно уназадување на демократијата.
Тоа е неоспорлив доказ за успешните политики на СДСМ и премиерот Заев, за слободата и демократијата која сега ја живееме“, велат СДСМ.
„Извештајот го потенцира новиот забележителен напредок на нашата земја, пред се во поглед на изборите, стабилниот напредок во реформите, како и активната вклученост на медиумите и граѓанското општество во интензивниот јавен дискурс.
Забележан е прогрес во поддршката на граѓанското општество со забелешка дека одреден дел од граѓанските организации кои застапуваат човекови права и натаму укажуваат на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Повикувајќи се на позитивните оценки на ЕУ за реформите во правосудството, Фридом Хаус нотира дека е потребно да продолжи практикувањето на законските можности за зајакнување на независната работа на судиите.
Извештајот констатира дека работата на невладините организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година. Истовремено, нотирано е дека расте бројот на критички и независни медиуми особено на онлајн платформите.
Времето кога земјава беше препознаена како заробена и изолирана држава заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е потврдено и од меѓунардони реномирани организации“, се наведува во соопштението на СДСМ.