Гламурот на Холивуд од 40-те години на минатиот век беше инспирација за архитектите што го преуредуваа популарниот хотел „Четири Сезони“ („Four Seasons“) во Беверли Хилс.
Архитектите добиле за задача да ги редизјанираат сите 300 соби во хотелот, како и главната балска сала, но при тоа да го задржат духот на ланецот хотели „Четири Сезони“.
Според архитектите, редизајнираните соби добиле „класична естетика и умна едноставност“.
Во новиот дизајн на хотелот доминираат врвен материјал и мебел со благи нијанси на нежни бои и со топли мотиви на природно дрво.